Познатиот рапер Јанг Долф е застрелан во Лос Анџелес. Тој бил погоден со повеќе куршуми и бил итно префрлен в болница.
Немилиот настан се случил на најпознатата улица во мегалополисот, „Холивуд булевард“. Ова е втор обид за убиство на раперот.
Долф е роден на 11 август 1985 во Чикаго. Вистинското име му е Адолф Торнтон Џуниор. Доста е познат на американскиот континент и досега има објавено неколку албуми.
Еден од неговите последни синглови – „100 Shots” (100 застрелувања), е инспириран од првиот обид за негово убиство во февруари, кога беше пукано во неговото блиндирано возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Згасна уште еден млад живот – познат пејач почина во 21 година!
-
Врие од полиција: Пиштолот со кој беше застрелан фудбалерот Јанушев е пред „Ред Кафе“ (ФОТО)
-
Синоќа пукотници во угостителски објект во Тетово: Рането е едно лице