| четврток, 6 декември 2018 |

Леонардо ди Каприо како Југословен

Leo-Dicaprio
Во новиот филм што го снима „Преполна соба“ (The Crowded Room), Леонардо ди Каприо ќе глуми 24 ликови.

Овој филм ќе биде снимен според романот за животот на Бил Милиган, човек што ради нарушувањето на повеќекратна личност беше ослободен на суд.

Една од тие личности е криминалец од Југославија. Филмот ја следи приказната за судскиот процес против Милаган откако бил обвинет за грабеж и за силување на три жени во Охајо. Во подготовките на одбрана, на Милиган му е дијагностицирано нарушување на повеќекратка личност, а неговите адвокати на суд докажаа дека една од тие личности го направила злосторството, а не Бил.

Леонардо, меѓу другото, ќе го игра ликот на Адалин, лезбијка што ја презема одговорноста за силување, но и Раген, југословенски комунист, кој признава дека е одговорен за грабежот.

Сценариото го напишаа Џејсон Смилович и Тод Катзберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top