Британските медиуми наголемо пишуваат за страстите меѓу Леонардо ди Каприо и познатата британска ТВ-водителка, Лора Витмор.
Славниот актер ја прославил наградата за најдобар актер на „Бафта“ со неа до пет часот наутро, кога таа си заминала од неговата хотелска соба. Претходела „луда“ забава низ Лондон.
По наградите Леонардо бил опкружен од убави девојки, меѓу кои и 29-годишната манекенка Лили Доналдсон. Но, извори од присутните велат дека 41-годишниот актер бил „комплетно обземен од Лора. Таа глумела незаинтересирана, но тој не ја испуштал од вид и веднаш почнал флертот“.
-На Лора ѝ годеше вниманието и веднаш станаа блиски – додаваат, па опишуваат дека Лео јасно ѝ дал до знаење дека посакува таа да дојде кај него во апартманот за да продолжат со прославата.
Триесетгодишната Лора Витмор, официјалната домаќинка на Црвениот килим, за време на приватната забава била постојано во центарот на вниманието на холивудската ѕвезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По „Кери“ и „Скарфејс“, Брајан де Палма ќе снима хорор филм по приказната на Харви Вајнштајн
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)
-
Анален секс, орален секс… цените за улога во филм: Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет