| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Преку 6.000 жртви од почетокот на конфликтот во источна Украина

украина

Повеќе од 6.000 лица се убиени во источна Украина од почетокот на кризата во земјата пред речиси една година, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за човекови права, нагласувајќи дека повеќе од сто цивили и војници се убиени само во изминатите неколку недели.

Комесарот на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин, во денешното соопштение нагласува дека истражувачите на Комесаријатот утврдиле немилосрдно уништување човечки животи и инфраструктура во источна Украина, каде што проруските активисти се борат против силите на украинската влада.

Комесаријатот со седиште во Женева наведува дека во изминатите неколку недели дошло до жестоки судири во источна Украина, особено во близина на аеродромот во Донецк и во Дебалцево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top