Копнената офанзива претставува промена на претходниот став на Париз да се даде само воздушна и логистичка поддршка на воената интервенција во поранешната француска колонија која ќе ја спроведат единици на африкансите земји.
Француските воени официјални лица најавија дека може да дојде до директни судири со терористите во текот на денот. Според Дријан, интервенцијата се одвивала по план, но борбата ќе била долга и тешка.
– Малку е тешко на запад каде се соочуваме со најтврдокорните, најфанатичните и најорганизираните групи, рекол министерот.
Француските власти се решија на интервенција во Мали откако утврдиле дека исламските бунтовници соработуваат со терористичката Ал Каеда. Терористите од март минатата година го контролираат северниот дел на Мали, а од неодамна почнаа да напредуваат кон престолнината од која сега се оддалечени 400 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.