| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на Тони Блер откри како Путин ги „растури“ лидерите на Г20

Политиката на Владимир Путин по подигнувањето на  авторитетот на Русија во целиот свет го прави победник во очите на луѓето, смета Алистер Кембел, британски  спинер, новинар, водител, политички соработник и поранешен директор на стратешките комуникации на кабинетот на Тони Блер меѓу 1997 и 2003 година .

Кембел ова го раскажува во интервју за CNBC за својата нова книга, па вели “Интересно е дека кога се разговара со издавачот чии имиња треба да бидат на корицата на книгата, тогаш на прво место беше Владимир Путин, бидејќи му се допаѓа  на некого тоа или не, но тој е победникот “, вели Кемпбел. Во книгата тој ја опишува приказна која се случила за време на средбата на Г20 во Бризбејн. Рускиот лидер тогаш не останал на завршната вечера и изјавил: “Јас сум единствениот човек во оваа соба, кој има стратегија, а вие сите сте тактичари”. Токму тоа го издвојува меѓу другите политички дејци, коментира авторот на книгата. “Сметам дека неговата цел и неговата стратегија се да се врати руската моќ и руската сила. И тој се стреми да отиде што подалеку во нивната реализација”, смета Кембел.

Според него Ангела Меркел е другиот голем политичар кој има своја стратегија, а кај Барак Обама била добра предизборната програма, но само тоа не е доволно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top