| четврток, 6 декември 2018 |

Во јануари 618 жители на Косово вратени од ЕУ

азил

Во јануари 618 жители на Косово се вратени од земјите на ЕУ во кои барале азил, од тој број 337 биле принудени на враќање, додека 281 се вратиле доброволно, соопшти косовското МВР.

Бројот на азиланти од Косово кои биле принудени да се вратат бил поголем од оние кои на тој чекор доброволно се одлучиле, пишува „Зери“.

Германија, Австрија и Швајцарија се земјите од кои генерално најмногу се враќаат жители од Косово, а посебно оние кои излегле на илегален начин.

Од друга страна, во последните шест месеци преку Унгарија се враќаат имигранти од Шведска, Германија, Франција, Австрија, а според листата која ја пренесува „Зери“, тие главно се враќаат во Урошевац, Вучитрн, Подуево, Призрен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top