| четврток, 6 декември 2018 |

Имамите во Германија треба да зборуваат на германски во џамиите

germanija

Имамите во Германија треба да зборуваат на германски јазик во џамиите, изјави претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт.

– Според мене, се подразбира дека некој што работи во Германија, исто така, треба да зборува германски. Тоа би требало да се однесува и за имамите – вели Ламерт во интервју за весникот „Велт“.

Претседателот на Бундестагот потсетува дека во некои католички заедници, исто така, има свештеници што доаѓаат од странство, и тие учат германски, за да можат да ги извршуваат своите задолженија. – Исламот е меѓу религиите што се силно раширени во Германија, рече тој.

– Би сакал за оваа голема светска религија да може да се каже дека нашла исто толку просветени односи меѓу политиката и верата, меѓу државата и религијата, како христијанството и јудаизмот. Тие две религиозни заедници, без сомнение, ја одбележаа историјата и културата на нашата земја – рече Ламерт.

Тој ја отфрли евентуалната забрана жените да носат бурка, за што настојуваат многумина од неговата партија ХДС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top