| четврток, 6 декември 2018 |

Во Бремен уапсени неколку лица поради опасност од терористички напад

бремен

Полицијата во германскиот град Бремен уапсила неколку лица по добиена информација за потенцијална опасност од исламистички терористички напад, изјави претставник на локалните безбедносни органи, јави ТАСС.

– Неколку лица се приведени – рече изворот, без да даде повеќе детали за бројот на уапсените.

По информациите кои вчера беа објавени, во градот беа зајакнати мерките за безбедност.

Властите извршија рации во муслимански центар во рамки на полициската операција, која траела до раните утрински часови, додава ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top