| четврток, 6 декември 2018 |

Блесна Вардар, падна Лајпциг

Ракометарките на Вардар одиграа најдбро кога им беше најпотребно во еден од клучните мечеви во фазата по групи и го победија директниот конкурент Лајпциг со 26-20. Со тоа вардарки се пробија на третата позиција во првата група со 7 бода, еден повеќе од денешниот ривал и од Турингер, екипа која има меч помалку.

Во меч со голем императив кој се надвисна над скапиот тим на Вардар, домашните ракометарки одговорија со добра игра и убедлив триумф. Ина Суслина беше клучот за успех на „црвено-црните“ со неверојатни 16 одбрани, а и на спротивната страна блескаша Катја Шулке со 15 одбрани.

vardar-turinger-17

Кај Вардар конечно блесна Ања Алтхаус со 6 погодоци, два повеќе од вкупниот гол-ефект на германскиот пикер во целата сезона во Лигата на шампионите.

Во осмото коло Вардар ќе и гостува на последнопласираната екипа на Крим во Љубљана и со триумф речиси сигурно ќе си обезбеди пласман во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top