| четврток, 6 декември 2018 |

Судиски циркус во Манчестер и победа на Јунајтед против Сандерленд (видео)

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед Вес Браун незаслужено и покардинална грешка на судијата Роџер Ист беше исклучен на натпреварот меѓу „црвените ѓаволи“ и Сандерленд што заврши со победа на фаворитот од 2-0. Џон О`Ши направи фаул за пенал над Радамел Фалкао во 65 минута, а наместо тој да оди надвор од теренот, црвен картон доби Браун.

junajted

Вејн Руни го реализира пеналот, а подоцна уште еднаш беше прецизен за победа на Манчестер од 2-0. Во петте меча попладнево од Премиерлигата само Свонси славеше на гости, а дури 4 меча завршија со резултат од 1-0.

Резултати: Манчестер јунајтед – Сандерленд 2-0, Њукасл – Астон Вила 1-0, Барнли – Свонси 0-1, Стоук – Хал 1-0, ВБА – Саутемтпон 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top