| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер е тениски шеик во Дубаи

Роџер Федерер ја освои титулата во Дубаи на престижниот турнир од АТП серијата со победа во финалето против големиот ривал Новак Ѓоковиќ. Швајцарецот ја одбрани круната во Обединетите Арапски Емирати со победа во два сета, 6-3, 7-5.

federer

Клуч на успехот на Федерер беше добриот сервис, а со вкупно 12 аса тој ја мина границата од 9.000 поени освоени директно од сервис, приклучувајќи им се на Родик, Карловиќ и Иванишевиќ како квартет со најмногу асови во историјата на играта.

И покрај поразот Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата со убедлива предност пред Федерер. Двајцата тенисери го одиграа 37. меѓусебен меч, со што се пробија на второто место на вечната листа на лути ривалства. Само Ѓоковиќ и Надал одиграле повеќе дуели меѓусебе, точно 42. Федерер по победата во Дубаи води против Ѓоковиќ со 20-17.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top