Во Музејот на македонската борба, радскиот мешан хор „Вардар” ќе одржи концерт под мотото „Музички времеплов”, проект поддржан од Министерството за култур
Под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска и во пијано придружба на Андрејa Наунов како солисти на вечерашниот концерт ќе се претстават Ѓоко Танески, Јане Дунимаглоски, Златко Велковски и Лидија Атанасоска, а ќе настапи и групата „Ај кју”.
На програмата се црнечки спиритуали, поп композиции и култните „Боемска рапсодија” на Квин и Фреди Меркјури, „Јестрдеј” на Битлси, песни од мјузиклот „Коса”, „Странци во ноќта” и други евергрин шлагери напишани во повеќегласни аранжмани.
Градскиот мешан хор „Вардар“ е формиран во 2000 година на иницијатива од ентузијасти, некогашни хористи од повеќе генерации на академскиот хор „Мирче Ацев”.
Од 2001 до 2012 година со хорот раководи диригентот Илија Атанасов, а од 2012 година Јасмина Ѓорѓеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



