| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Грција нема да бара трета кредитна програма

cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата земја нема да бара трета кредитна програма од земјите од еврозоната, откако тековната ќе заврши, јави Газета.ру.

Некои луѓе зборуваат дека третата кредитна линија е можна во текот на јуни. Жалам, но ние повторно ќе ги разочараме. Едноставно, заборавете на трета кредитна програма- рече Ципрас.
 
Според него, грчкиот народ гласал за тоа повеќе да не моли за финансиска помош од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top