| четврток, 6 декември 2018 |

„Тумбао Салса Бенд“ спремни за два концерти во Универзална сала

tubao salsa bend
Салса составот „Тумбао Салса Бенд“ ќе одржи два концерти, на четврти и петти март во Универзална сала во Скопје. Гости на концертот се Кубанците „Азафран Микс“.

Билетите за концерти чинат 350 денари и се продаваат на касата во Универзална Сала и во „Југотон“ во ГТЦ, „Дежа Ву“ во „Капитол“, како и онлајн на веб страната MkTickets.mk.

“Среќата со пари не се купува“, „Фато Мори Душманке“, „Рандеву“, „Македонско девојче“ се само дел од песните кои во среда и во четврток ќе ги отсвират „Тумбао Салса Бенд’. Поради динамичноста на музиката и позитивната атмосфера, „Тумбао Салса Бенд“ решија партерот пред бина да биде за играње, наместо класичните места за седење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top