| четврток, 6 декември 2018 |

Микиќ стана татко – се родија Ена и Иво!

микиќ2
Двојна радост во семејството на познатиот актер Александар Микиќ! Денеска, во 9.30 часот во специјалната болница за гинекологија и акушерство „Плодност“ во Битола, на свет дојдоа близнаците Ена и Иво, најголемата радост на тато и на мама, харфистката Весна Станојевска.
Обајцата се пресреќни, породувањето минало во најдобар ред, за што се погрижил д-р Таше Трпчевски, кој од почеток ја водел бременоста на Весна. Станојевска се породила со царски рез. И таа и бебињата се добри, а според болничката процедура, ќе останат уште неколку дена во болницата во Битола, по што се враќаат дома во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top