Ждрепката за осминафиналните натпревари во Лига на Европа сакаше повторно да се сретнат екипи од исти држави.
Шпанските тимови Севилја и Вилјареал ќе играат меѓусебно за пласман во четврт-финалето во второто по ранг натпреварување во Европа.
Клубовите од Шпанија имаат најмногу меѓусебни дуели во историјата на европските натпреварувања. Тоа ќе биде дури 34. дуел на двата тима од оваа земја и ниту една друга држава не е ни блиску до овој рекорд на земјата од Пиринејскиот Полуостров.
До крајот на оваа сезона бројката на меѓусебни натпревари на два тима од Шпанија може да порасне бидејќи во Лигата на шампионите сѐ уште се во игра трите големи тима, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.
Интересно е што во осминафиналето во Лига на Европа натпреварот Севилја – Вилјареал не е единствениот што ќе се игра од иста држава. Италијанскиот пар го сочинуваат Фјорентина и Рома.
Овој ждреб ќе биде запаметен по преседанот кој се случи. Беше полудиригиран бидејќи не се дозволи екипи од Русија и од Украина да се сретнат меѓусебе поради добропознатата политичка и воена ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“