| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Американска автомобилска компанија ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица

инвестиција

-Американска компанија од автомобилската индустрија нè извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика, која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица – изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните еден до два месеца.

– Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од многу вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработката што ќе ја остваруваат во таа фабрика – рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, општина Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top