Италијанската пресметка меѓу Фjорентина и Рома ќе биде дерби во осминафиналната рунда од Лигата на Европа, а ќе се судрат две екипи од иста земја и во шпанскиот двомеч меѓу Вилјареал и Севилја.
Неизвесен ќе биде и двомечот меѓу разиграниот Волфсбург и гигантот Интер, а во игра за титулата останаа 16 состави.
Титулата ја брани Севилја по ланскиот триумф во Торино, на пенали против Бенфика.
Двојки: Фjорентина – Рома, Вилјареал – Севилја, Волфсбург – Интер, Зенит – Торино, Евертон – Динамо Киев, Наполи – Динамо Москва, Бриж – Бешикташ, Днипро – Ајакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.