Шпанската полиција денеска приведе осум луѓе обвинети дека учествувале во воени дејства во Донбас, на страната на сепаратистите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека апсењата се извршени во шест региони во државата.
Според полициски извор, станува збор за „проруски“ настроени луѓе „од крајната левица“.
Осомничени се за поседување огнено оружје, соучество или помагање во убиства, нарушување на неутралноста на шпанската држава во тој конфликт. Уапсените поставиле на интернет видеоматеријали на кои позираат со огнено оружје и се фалат со вклучување во редовите на сепаратистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


