Полицијата во Ротердам соопшти дека вчера пред и по натпреварот меѓу Феенорд и Рома уапсила 42 навивачи.
Фудбалерите на Рома се пласираа во осминафиналето од Лига Европа поради вчерашната победа на гостински терен со 2-1 и со вкупен резултат од 3-2 оди понатаму.
Натпреварот во вториот дел беше прекинат околу 15 минути поради дивеењето на домашните навивачи.
Полицијата во соопштението навела дека е задоволна од преземените мерки во вчерашните акции, спречувајќи поголеми инциденти меѓу симпатизерите на двата тима.
Навивачите на Феенорд минатиот четврток пред почетокот на првиот меч во Рим направија големи нереди, па се стравуваше тоа да не се повтори од страна на тифозите на Римската волчица на возвратниот натпревар во Ротердам, но во градот немаше поголеми инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


