| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин за грчката програма: Ја!

berlin-za-gryckata-programa-ja-288408

Германските пратеници денес го одобрија продолжувањето на роковите за грчката програма, пренесуваат агенциите. Денес пред почетокот на гласањето, до законодавците во Берлин се обрати министерот за финансии на сојузната република Волфганг Шојбле.

– Не станува збор за дополнителни милијарди евра за Грција, ниту за промена на кредитните обврски на земјата. Станува збор единствено и само за продолжување на роковите на програмата, за да може планот да биде успешно завршен, рече министерот во Владата на Ангела Меркел.

Еврогрупата (Советот на министрите за финансии на Еврозоната), на 24 февруари го одобри планот за реформи на владата во Атина на чело со Алексис Ципрас. Оригиналната верзија требаше да биде преработена, поради инсистирањето на Берлин, планот да биде конкретизиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top