Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржа трибина во Домот на културата во Кавадарци.
Универзитетската професорка Виолета Ачковска во своето обраќање истакна дека треба цврсто да се застане зад македонското национално единство и оти заднината на сето тоа што се прави е разнебитување на македонското национално ткиво.
– Тоа сакаат и сега да ни го направат со целата оваа трагикомедија која се случува од оваа бескрвна и безидејна опозиција. Заднината на сево ова што се прави е многу страшна. Тотално разнебитување на македонското национално ткиво – рече Ачковска додавајќи дека е многу полесна одбраната од надворешниот отколку од внатрешниот непријател.
Како граѓанско движење, додаде Ачковска, сметаме дека сите политички борби треба да се одвиваат во Парламентот.
– Треба да се почитува волјата на граѓаните на Република Македонија. Тие знаат да наградат и да казнат. Народот не греши, мудар е и не дозволува никој да си игра со него – рече Ачковска.
Таа изрази надеж дека во опозицијата ќе се најдат чесни луѓе кои ја сакаат Македонија.
– Сето тоа прислушување би било смешно доколку не е смислено за да го наруши угледот на нашата држава и да ја направи ранлива – додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес