Триесет и осум годишниот Стојан Василев од неготинското село Пепелиште доби 7,5 години затворска казна за убиството што во август лани го изврши на селските гробишта. Тој го уби Вељо Адамовиќ поради долг, за тоа што работел како аргат. Делото го признал, по што беше прогласен за виновен. Обвинетиот бил најмуван кај старецот за пари и му помагал во домашните земјоделски работи.
Василев објасни дека по барање на Адамовиќ неколку пати доаѓал да работи на имотот на Вељо, но пари не добивал. Така било и на денот на убиството, четврток 21 август, кога на селските гробишта Стојан требало да засади дрвја.
Откако го сторил тоа, според кажувањето на Василев, тој побарал и пари, а старецот му покажал илјада денари и си ги вратил во џебот. Поради тоа обвинетиот се разлутил и со лопатата, со два удара по глава, го усмртил Адамовиќ. Од џебот на старецот го извадил паричникот, ги зел парите и си заминал. Откако ја признал вината, судот ја донесе пресудата за затворска казна. До правосилноста на пресудата тој останува во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка