| четврток, 6 декември 2018 |

Франциск седна на светиот престол: Ве замолувам да се грижиме за луѓето и да бидеме чувари на создаденото

 

Сакам да ги замолам сите луѓе што имаат каква било одговорност во политиката и во општеството, да бидеме чувари на создаденото, на Божјиот план, да се чуваме едни со други, порача папата Франциск на денешната инаугурација.

Инаугурацијата ја следеа стотици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан. На литургијата папата особено се осврна на заштитничката улога на Свети Јосиф. Франциск ги повика верниците на заштитничко однесување кон светот и луѓето.

– Повикот да бидеме чувари не е само за нас кои сме христијани, туку е едноставно човечки, се однесува на сите. Треба да чуваме сѐ што е создадено. Да имаме почит за секое Божјо суштество. Да ги чуваме луѓето, да се грижиме за секоја личност, особено за децата, старите и оние најранливите. Тоа значи и грижа за едни према други во семејството. Сопружниците, родителите да се грижат за децата и децата кои со време стануваат чувари на своите родители. Треба да се живее во почитување, во добро, во зачувување на пријателството. Бидете чувари на Божјите дарови. Кога не водиме грижа за сѐ што е создадено, срцето се суши и почнува разорување. Поради тоа би сакал да ги замолам сите луѓе што имаат каква било одговорност во политиката и општеството, да бидеме чувари на создаденото – рече папата Франциск во проповедта за време на инаугурациската миса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top