„Не – нема веќе милијарди за алчните Грци“ е насловот на кампањата против продолжување на финансиската помош за Грција организирана од весникот Билд, јави дописникот на МИА од Берлин.
Еден ден пред клучното гласање во германскиот парламент кој треба да даде согласност за договорот за четиримесечно продолжување на аранжманот со Грција најтиражниот германски весник со 2,5 милиони продадени копии дневно започна кампања која треба да ги убеди јавноста и политичарите да запрат со давање помош на Грција.
Весникот кој кај голем дел од јавноста има имиџ на таблоид ги повикува сите германски граѓани да се сликаат со страницата на која стои пораката „Не – нема веќе милијарди за алчните Грци“ и истата да ја испратат во редакцијата на Билд. Досега редакцијата добила илјадници „селфи“ фотографии сликани на различни локации и од читатели со различни професии. Според тест – гласањето што се одржа денеска во германскиот парламент договорот што Еврозоната го направи со Грција лесно ќе добие поддршка затоа што само 22 пратеници од најбројната германска партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел ќе гласаат против. Голем дел од аналитичарите сметаат дека кампањата сепак може да влијае на поларизираната јавност во Јуни кога завршуваат четирите месеци што Еврозоната и ги даде на Грција како период на премостување до изнаоѓање трајно решение. Германското здружение на новиннари веднаш ја осуди кампањата на Билд нарекувајќи го „булеварски весник“ и коментирајќи дека објавувањето на антигрчкиот постер и именувањето на сите Грци како алчни е прекршување на етичкиот кодекс кој не дозволува цела нација да биде навредувана поради политичките грешки на своите политичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!