| четврток, 6 декември 2018 |

Ја „запросил“ со тупаници, но таа го одбила

Наместо невеста, крушевчанец добил кривична пријава за грабнување откако се обидел да грабне малолетно девојче со кое сакал да се ожени.

И.С. на 27 декември минатата година со уште двајца негови пријатели го сретнале малолетното девојче од селото Црнилишта како се движи на патот по кој минувале со автомобил. Еден од неговите пријатели се обидел да ја внесе во автомобилот, но девојчето се спротивставило, по што несудениот младоженец ја удрил девојката со вратата од возилото. Девојчето, иако повредено, почнало да бара помош, па грабнувачите се уплашиле и ја пуштиле. Момчето не се откажувало и следниот ден се обидел повторно да ја земе насила барајќи да се омажи за него, но таа, сепак, не прифатила.

Против И.С. е поднесена кривична пријава за грабнување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top