| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот параглајдерист имал излив, по што го повлекол другиот

Двајца параглајдеристи кои загинаа на Мачкин Kамен најверојатно паднаа поради тежок здраствен проблем на едниот од нив.

Според првичните сознанија на истрагата тие загинале при скок и само што почнале да летаат се случила трагедијата. Најверојатно едниот од нив во моментот на залет за скок и полетување добил мозочен или срцев удар и во возух го повлекол и вториот параглајдерист, пишува „Досие“. Поради немање контрола врз леталото и двајцата паднале од што првиот починал на самото место , а вториот во болница во Прилеп, бидејки задобил тешки повреди.

Едниот е од Украина а другиот од Велика Британија. Полицијата се уште ја истражува несреќата и ќе се прави обдукција на телата за детална анализа како при скок да се срушат и двајацата параглајдеристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top