Полицијата синоќа го уапсила Бранислав М.(36) од Сремска Митровица, кој се сомничи дека извршил кривично дело на изнуда во обид, односно киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ во Љиг, соопштил денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Тој појаснил дека Бранислав М. се сомничи дека упаднал во куќата на 83 годишниот Милисав, дека му го украл мобилниот, 26.000 денари и дека потоа со својот помагач го однеле дедото на Јелена од дома и го врзале за далекувод. Потврдил дека грабнувачите барале од семејството на Јелена, откуп од два милиони евра.
Стефановиќ пренел дека на Бранислав М. одреден му е притвор од 48 часа во Ваљево, после што ќе биде пренесен во обвинителството. Укажал дека полицијата пронашла одредени предмети кои сведочат за стореното дело. Според Стефановиќ, информациите говорат дека имало еден извршител и еден помагач.
-Мислиме дека ова е случај со пониско ниво на организација – рекол министерот за внатрешни работи, негирајќи дека се работи за кривично дело со повисока организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.