Во саботен термин на 14 и на 21 март ќе се крои судбината во ракометниот двомеч од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Висла Плоцк.
Полјаците ќе бидат домаќини во „Орлен арена“ на првиот дуел, а ќе се игра од 20.45 часот во сабота, додека Вардар ќе ги пречека Полјаците 7 дена подоцна, исто така во сабота во Спортскиот центар „Јане Сандански“, со почеток од 20.15 часот. Победникот ќе игра во четврт-финалето, фаза на натпреварување во која Вардар играл еднаш, и тоа лани против Фленсбург, а Висла ниту еднаш. Највисок дострел на полскиот тим е осминафиналето од лани и од сезоната 2011/2012.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.