Хамид Абас Јанахи си доби убав џек-пот од илјада долари за настап на турнирот на АТП во Дубаи, само поради тоа што е од Обединетите Арапски Емирати, а настапот му траеше цели 33 минути. Организаторите на турнирот си ја искористија поканата на која имаат право и му ја доделија на домашниот тенисер, кој очигледно е залутан во светот на врвниот спорт и е недораснат да игра професионални тениски турнири.
За спомен му остана настапот на турнирот на кој играат светски ѕвезди од калибарот на Ѓоковиќ, Федерер, Мареј, Бердих…, парите, но и тениската метла. Како што популарно се нарекува пораз од 0-6,0-6, односно елиминација без добиен гем што Јанахи ја доживеа во првата рунда против Џејмс Ворд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.