Во март во Драмски театар во Скопје ќе се прикажат 31 претстава, колку што има денови во овој месец, а на Светскиот ден на театарот, 27 март, ќе се одиграат три претстави и сите ќе бидат бесплатни, најави директорот на Театарот, Роберт Велјановски.
– Билетите за сите претстави во Драмски театар во март ќе чинат 100 денари, ако се купат еден ден пред претставата. На денот на претставата, влезниците ќе чинат 150 денари – информира Велјановски.
Драмски ќе го одбележи и 4 март, кога е отворен објектот во кој е сместен театарот веќе 50 години, а е донација од британската амбасада. Тој ден ќе се одигра претставата „Ждрело“, а влезницата ќе чини 50 денари. Во 12 часот ќе има свечена академија. На Светскиот ден на театарот, освен претстави, во Драмски ќе има и забава, изложби, повеќе настани со кои ќе биде одбележан 27 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.