| четврток, 6 декември 2018 |

Во Драмски подготуваат две нови претстави

dramski teatar

На 21 април и на 29 април Драмски театар Скопје ги најави премиерите на двете нови претстави.

Првата претстава е дело на светски познатиот ирски драматичар Мартин Мек Донах „Приказна за човекот без рака“ во режија на Синиша Ефтимов, а актерката екипа ја сочинуваат: Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Сашо Тасевски.

Премиерата е најавена за 21 април, денот кога Драмски театар ќе прослави 69 години од своето постоење.

– На  25 февруари почна првата проба на праизведбата на современиот македонски драмски текст „Безљубни” од Благица Секулоска, во режија на Златко Славенски. Оваа претстава ќе се потпре на младите актерски сили на Драмскиот театар: Сања Арсовска, Димитрија Доксевски, Златко Митрески, Александар Степанулески и првпат на сцената на Драмскиот театар како гостин настапува Наташа Петровиќ, чија матична куќа е Театарот за деца и младинци – изјави Роберт Вељановски, директорот на Драмски театар од Скопје.

Премиерата на „Безљубни“ е планирана за 29 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top