Диего Симеоне призна дека Атлетико Мадрид добро мина во Леверкузен и покрај поразот од Баер со 0-1. Германците одиграа одличен меч, за разлика од европскиот вицешампиони и шпански првак кој изгледаше уморно и не одигра во свој стил. Калханоглу со прекрасен гол му донесе солидна предност на Баер пред реваншот на „Висенте Калдерот“ во Мадрид.
– Реално, можеше да биде многу полошо за нас. Баер игра сличен фудбал како и Атлетико и очекувам неизвесен реванш. Малку и немавме среќа во Леверкузен бидејќи морав рано, уште во првиот дел, да направам две измени поради повреди – изјави популарниот Чоло.
Атлетико лани загуби во финалето во ЛШ од градскиот ривал Реал Мадрид дури по продолженија, а сега му се заканува елиминација во осминафиналето. Сепак, има и реванш во Мадрид, а „јорганџиите“ ќе го почнат вториот еден и пол час од двомечот со Баер со негатива од 0-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.