Жозе Мурињо е на врвот според парите што ги заработува, покажа истражувањето на магазинот „Франс фудбал“. По осми пат во последните десет години „специјалниот“ заработил повеќе пари од своите колеги, благодарение на богатите договори што ги потпишува со клубовите, но и на одличниот маркетинг.
Португалецот лани инкасирал фантастични 14 милиони евра, со што се наоѓа на врвот на листата најплатени тренери. Од нив дури 12 милиони евра се од Реал Мадрид, а останатите се од спонзори и реклами. Зад Мурињо е тренерот на Пари сен Жермен Карло Анчелоти, кој има еднаква фудбалска заработка од 12 милиони евра, но нема рекламни договори. И третото место е резервирано за италијански стручњак, а го „држи“ Марчело Липи со „ќар“ од 11 милиони евра во кинескиот Гвангжу.
Франс Фудбал веќе десет години ја објавува листата на тренери со најголема заработувачка, при што Мурињо дури осум пати се нашол на врвот. Подобри од Португалецот биле само Алекс Фергусон во 2004 и Бразилецот Луис Фелипе Сколари во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


