| четврток, 6 декември 2018 |

Кери го обвини Путин за дестабилизација на Украина

кери

Американскиот државен секретар Џон Кери го обвини рускиот претседател Владимир Путин за дестабилизација на Украина и за „присвојување територии“, предупредувајќи ја Москва дека проруските сили не ги исполниле условите за прекин на огнот.

Кери во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат истакна дека Путин спроведува политика која ги крши сите меѓународни норми и додаде дека во Луганск и Донецк, а во моментов и во Дебалцево, охрабрил и директно овозможил одземање територии, со цел да ја дестабилизира Украина.

Кери во вторникот директно ги обвини руските лидери дека „кажуваат лаги во лице“ во врска со судирите во Украина.

– До денеска ниту Русија ниту силите, кои таа ги поддржува,не успеаја да го исполнат тоа за што се заложуваат – изјави Кери и предупреди дека во случај на нивните натамошни неуспеси ќе има дополнителни последици врз руското стопанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top