| четврток, 6 декември 2018 |

Америка нуди три милиони долари за апсење на рускиот хакер Евгениј Богачев

Американските правосудни власти понудија награда од три милиони долари за информација која ќе помогне за апсењето на рускиот хакер Евгениј Богачев.

Станува збор за највисоката досега награда што американското правосудство ја нуди за еден случај поврзан со кибер криминалот.

Минатата година Богачев беше обвинет во САД дека стои зад една голема кибер криминална операција, во која се украдени повеќе од 100 милиони долари. Тој е обвинет за правење заговор, за банкарски и компјутерски измами, како и за перење пари.

Последен пат Богачев бил виден во Русија, каде се верува дека најчесто престојува. Ако е навистина таму, неговото апсење ќе биде речиси неизводливо, затоа што САД и Русија немаат спогодба за екстрадиција, а руските закони не дозволуаат екстрадирање на руски државјани, за да им се суди во странство.

Во кибер светот, Богачев е познат како „Лаки 1,2,3,4,5“ и како „славик“. Во САД тој е обвинет дека раководи со хакерската мрежа позната како ГејмОвер-Зеус за која се верува дека има „инфицирано“ повеќе од еден милион компјутери.

Преку оваа мрежа одат лажни пораки, на кои потоа се лепат податоци, што се користат, најчесто, за финансиски и банкарски измами.

Евгениј Богачев во моментот е прв на лисатата на ФБИ на најбараните лица.

Претставник на американското ФБИ изјави дека руската агенција за контраразузнавање се заинтересирала за соработка со САД, во борбата со кибер криминалот, но не и за оној поврзан со Богачев.

ФБИ потврди дека освен овој случај, САД се соочуваат со уште 60 различни кибер закана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top