| четврток, 6 декември 2018 |

Талентираниот Талески мина без посериозна повреда

Талентираниот бек на македонскиот ракометен шампион Филип Талески мина без посериозна повреда на коленото и има само истегнување на лигаментите. На вчерашниот меч од СЕХА лигата против Загреб, Талески се пожали на проблеми со коленото, за среќа без сериозни последици.

„Сега се вратив од преглед и за среќа констатирано е мало истегнување на страничниот лигамент и препорачано ми е да не правам магнетна резонанца, туку од петок да почнам со терапија. Оток немам, а болките се минимални“, изјави Талески за клупскиот сајт на Металург.

Талески е еден од најголемите таленти на мак-ракометот од Академијата на Металург и се наметна и како сениорски репрезентативец. Левиот бек на Металург има само 18 години.

Filip-Talevski-sport84-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top