| четврток, 6 декември 2018 |

Потрошил 175 000 долари за да изгледа како Мадона (фото+видео)

adam1

Адам Гера е 27 годишен фан на Мадона, кој отишол предалеку. Тој потрошил 175 000 долари, за да изгледа како пејачката. Гера живее во Лос Анџелес и во моментов ја планира својата 19-та интервенција, амортизирање на задникот.

Тој вели дека неговата манија започнала кога имал 15 години. Почнал да пее во шоу програми за травестити и смета дека има голем талент. Денес тој работи како имитатор на Мадона во шоу програми и настани.

adam2

Тој никогаш не се сретнал со вистинската Мадона, но се надева дека тоа ќе се случи еден ден. Неговата приказна е раскажана во документарна емисија на телевизијата „TLC“. Во филмот станува јасно дека неговата мајка и неговиот пријател не ја одобруваат неговата манија.

adam3

Неговиот пријател вели: „Му поставувам ултиматум. Јас сакам да излегувам со маж, а не со 56 годишна жена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top