Самиот поглед низ прозорецот во овие хотели е доволна забава.
Ова се хотелите со најубав поглед, кои го покажуваат целиот град или барем најубавиот дел, при тоа вие сте сместени во луксузен амбиент, со чаша шампањско.
Погледнете го Таџ Махал од прозорецот на собата во хотелот „Oberoi Amarvilas“. Најромантичниот хотел се наоѓа на само 600 метри од палатата.
Во хотелот со 5 ѕвезди „Shangri – La Hotel“ во Париз, можете да ја видите Ајфеловата кула од прозорецот. Хотелот е на околу 600 метри од кулата.
Секоја соба во овој хотел има купатило во мермер и плазма телевизор, интегриран во огледалото. Некои соби имаат поглед кон Ајфеловата кула од кадата.
„Mena House Hotel“ во Каиро, се наоѓа на само 700 метри од Пирамидите.
Навечер пирамидите се осветлени и глетката е импресивна. Во хотелот престојувале многу светски ѕвезди, претседатели на држави и многу ВИП семејства.
Ако го преферирате градскиот пејсаж, сместете се во „Ritz – Carlton“. Од кадата може да се видат облакодерите на Сингапур.
Уште еден поглед од „Ritz-Carlton“, Сингапур. Хотелот со 5 ѕвезди, има 608 соби.
Славниот мост Голден Гејт Бриџ, се гледа од прозорецот на „Cavallo Point Hotel“ во Сан Франциско. Хотелот се наоѓа во Националниот резерват „Голден Гејт“.
Ова е претседателскиот апартман во „Four Seasons Hotel“, во Сиднеј, Австралија. Хотелот со 5 ѕвезди има 531 соби и е блиску до 37 плажи.
Овој поглед е од барот на хотелот „The Strand“, во Њујорк . Од тука туристите можат да се восхитуваат на „Empire State Building“. Хотелот се наоѓа меѓу петтата и шестата авенија на Менхетн.
Ова е прекрасната глетка , со која може да се разбудите во „Hotel Salto Chico“, во националниот парк Торес Дел Паин, Патагонија.
Во хотелот „Anse Chastanet“, во Сент Луција, имате чувство дека сте во рајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.