| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер со Арсенал против своите од Монако

Арсен Венгер со многу емоции ќе го чека стартот на двомечот меѓу Арсенал и Монамо две екипи во кои го мина грото од времето како фудбалски менаџер. Вечерва осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите почнува во Лондон од 20,45 часот, а Венгер ќе го предводи Арсенал. Клуб во кој е од 1996 година и со кој по 17. рекорден пат едноподруго настапува во Лигата на шампионите.

Venger

„Монако е мојата прва фудбалска љубов, секако говорам како менаџер. Таму за првпат бев тренер во сериозен клуб. Ме радува што повторно инвестираат во изградба на тимот. Ќе ми биде тешко, со многу емоции, но јас сум тренер на Арсенал и посакувам да минеме понатаму“, изјави Венгер.

Арсенал и Монако за првпат ќе играат меѓусебе во ЛШ. Со тој дуел и со мечот во Леверкузен меѓу Баер и Атлетико Мадрид, велерва се спушта завесата од првите осминафинални мечеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top