| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозни дронови втора ноќ кружат над Париз

pariz-1

Мистериозни мали радио-контролирани дронови веќе втора ноќ кружат над центарот на Париз, а полицијата не знае кој ги управува, објави БиБиСи. Меѓу 23:00 часот во вторник и 2:00 часот во средата по локално време органите на редот пет пати ги набљудувале дроновите. Три дрона биле забележани во близина на музејскиот комплекс „Домот на инвалидите“, околу плоштадот „ Конкорд“, во близина на кој се наоѓа американската амбасада, покрај реката Сена, покрај Ајфеловата кула и метро станиците Порт де Сен – Клу и Порт Клинјункур .

dronovi_201522492043

Приближно во истите области, во ноќта спроти вторникот, забележани се како прелетуваат пет далечински управувани дрона. БиБиСи забележува дека летовите  во текот на ноќта над Париз се забранети, а ниското летање треба да биде овластено.

Некои од дроновите биле снимени и кадрите ќе бидат анализирани од истражен тим.

Летовите на дроновите се случуваат во време на зголемени мерки на безбедност во француската престолнина, по крвавите напади врз редакцијата на весникот„Шарл ебдо“ и во еврејската продавница во јануари.

На 20 јануари безпилотен авион прелета над претседателската палата во Париз, а од октомври се регистрирани околу дваесет прелетувањето на беспилотни авиони крај нуклеарни централи во Франција.

Кој и со каква цел го прави ова, засега не е познато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top