Предизборниот караван на владејачката коалција „За подобра Македонија“ вечерва продолжува. Два големи митинзи ќе се одржат во скопските општини Кисела Вода и во Центар. Со почеток во 17.30 часот пред граѓаните на Кисела Вода ќе биде претставен кандидатот за градоначалник на владејачката коалиција, Билјана Беличанец-Алексиќ. Кандидатот за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, ќе го почне митингот во 21 часот.

На двата митинзи ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


