| четврток, 6 декември 2018 |

Роби Вилијамс се офарба (фото)

00039900

Роби Вилијамс одлучил да експериментира со косата и иако е ѕвезда, очигледно и тој не е осигуран од гафови. Изведувачот објави фотографија , на која е со розева коса, појаснувајќи дека не ја сакал баш таа боја, но едноставно работите се измешале.

– По 24 часа ќе бидам поинаков, изјави Роби.

robie_williams_hair1

И тоа се покажа како вистина. Тој претрпе уште две потполни трансформации. Прво розевото, стана платинасто плаво и веднаш се пофали на своите фанови на социјалните мрежи со новиот блонди имиџ.

Очигледно сепак ни тоа не му се допаднало доволно, бидејќи подоцна објави нова фотографија на која веќе беше со виолетови нијанси.

robie_williams_hair2

Бидејќи е тешко да поверуваме дека тоа е конечната боја, сигурно во наредниов период ќе не воодушеви со некоја нова фотографија и нова боја на косата. Се надеваме дека конечно ќе ја погоди нијансата, која очигледно се обидува да ја постигне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top