| четврток, 6 декември 2018 |

Валтери Ботас го менува Раиконен во Ферари?!

Челниците на најреномираниот Формула 1 тим, Ферари се импресионирани од настапите возачот на Вилијамс, Валтери Ботас. Со тоа се погласни се шпекулациите дека ќе го ангажираат Финецот за сезоната во 2016 година.
Ботас би го сменил неговиот сонародник и поранешен шампион Кими Раиконен кој има очајна сезона.

По трката за Големата Награда на Унгарија ќе дојде до неколкунеделна пауза во формула 1 шампионатот, период што се најавува како клучен во преговорите меѓу Ферари и менаџерите на Ботас. Првичните информации говорат дека двете страни лесно ќе договорат соработка, но потоа ќе следат преговори на Ферари со тимот на Вилијамс.

Валтери Ботас има договор со Вилијамс и за следната сезона и има откупна клаузула од приближно 13 милиони евра. Во Ферари се надеваат дека ќе успеат во преговорите со Вилијамс да ја намалат неговата цена.

Ботас моментно е четвртопласиран во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот со 77 бода, еден повеќе од Кими Раиконен. Што се однесува до Раиконен, скоро сигурно е дека тој нема да потпише за друг тим, туку на крајот од годинава и дефинитивно ќе стави крај на својата кариера во Формула 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top