Вечерва во Лигата на шампионите се одиграа два натпревари од осминафиналето.
Барселона повторно како и минатата година беше пресилна за Манчестер Сити. Јунак за каталонскиот гигант беше Луис Суарез кој иако има проблеми со реализацијата во текот на оваа сезона по доаѓањето од Ливерпул, покажа дека е играч за големи натпревари.
Уругваецот со два гола на „Етихад“ и донесе предност на својата екипа пред реваншот, кој се чини ќе биде чиста формалност бидејќи Манчестер Сити не покажа ништо од потенцијалот кој го поседува. Иако ослабени без главниот „мотор“ од средината на теренот Јаја Туре избраниците на Мануел Пелегрини не покажаа ништо од потенцијалот кој го поседуваат.
Единствената светла точка за „граѓаните“ беше Аргентинецот Кун Агуро кој успеа само да го ублажи поразот во второто полувреме. Сити натпреварот го заврши со 10 играчи бидејќи во 74 минута беше исклучен Клиши поради втор жолт картон.
Победата можеше да биде изразена и со поголема разлика, но голамнот Харт успеа да му одбрани пеналот на Лионел Меси, а овој по одбиената топка со глава успеа да го промаши празниот гол.
Manchester City vs Barcelona 1-2 I All Goals… by AcisTV
Lionel Messi Penalty Missed | Manchester City… by EuropeanLeagueLiveGoal
Вториот натпревар во Торино беше реприза на финалето од Лигата на шампионите од 1997. Двата противника Јувентус и Борусија Дортмунд за првпат се среќаваат по 18 години.
Победи Јувентус со 2-1 сосема заслужено, иако гостите од Дортмунд беа рамноправен противник во текот на целиот натпревар. Победата за „Старата дама“ ја донесоа Тевез и Мората во 13 и 43 минута од натпреварот.
Сепак Борусија по првиот примен гол успеа да израмни преку најдобриот играч Марко Ројс кој искористи една грешка на Џорџо Кјелини кој наместо рутински да ја исфрли топката во поле тој се лизна и му поклони лесна шанса на германскиот репрезентативец кој без проблеми го совлада Џиџи Буфон.
Борусија пред реваншот кој сигурно ќе го игра пред полн стадион свои приврзаници има активен резутат токму со голот кој го постигна на гости.
Juventus vs Borussia Dortmund (2-1) All Goals… by footballdailytv
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




