Вечерва 10 минути по 19 часот во кругот на фабриката „Железара“ во сообрќајна несреќа загина пешак, Јордан Н., а уште едно лице е повредено и со возило на брзата помош е пренесено во ургентниот центар во Скопје.
Според првичните информации во нив удрило патничко моторно возило марка „Рено“ со скопски регистарски таблички. Полицијата врши увид и испитува причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.