| четврток, 6 декември 2018 |

Близу половина Германци сметаат дека социјализмот е добра идеја

германија

Според анкетата на институтот „Емнид“ направена за Берлинскиот слободен универзитет една третина од Германците веруваат дека капитализмот е причина за сиромаштија и глад.

Речиси 50 отсто од испитаниците сметаат дека вистинска демократија не е можна во капиталистички економски систем.

Анкетата во која беа испитани 1.400 луѓе покажува дека 42 отсто од сите Германци и 59 отсто од граѓаните кои што живеат во некогашна Источна Германија се позитивно настроени кон комунистичките и социјалистичките идеи. Во западна Германија овој процент е 37.

Анкетата е објавена само неколку дена откако германскиот Институт за еднаква благосостојба објави дека се зголемува бројот на сиромашни граѓани чиј број достигна 12,5 милиони жители според германските стандарди.

Повеќе од 60 отсто од Германците веруваат дека нема автентична демократија во нивната земја поради тоа што индустријата има преголемо влијание на политиката и дека гласот на граѓаните е во втор план при носење на важни државни и други важни одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top