![]()
Вечерва со почеток во 19.30 часот на големата сцена во Народно позориште Белград ќе се одржи балетски гала-концерт по повод 50 години постоење на Здружението на балетските уметници на Србија (УБУС – Удружење балетских уметника Србије). На свеченоста е поканет и Македонскиот балет.
Во првиот дел од концертот солистката на македонскиот балет Ивана Коцевска, заедно со солистот Јован Веселиновиќ од Србија, ќе одигра адаџо од балетската претстава „Самсон и Далила“, додека во вториот публиката во Белград ќе види адаџо од претставата „Шехерезада“, кое ќе го одиграат првенката Александра Мијалкова и солистот Васил Чичијашвили од Грузија.
Здружението на балетски уметници на Србија е единствено репрезентативно и врвно еснавско здружение во сферата на уметничкиот танц во Србија. Основано е во 1962 година. Во својот состав опфаќа професионални танчари, кореографи, балетски педагози, репетитори, критичари и теоретичари со цел заштита на заедничките интереси, унапредување на професијата, презентации и афирмации на уметничкиот танц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


