Познатиот скопски боем, комичарот од триото на „К-15“, Васко Тодоров, познат како Тошо Малерот, денеска се ожени во Матичната служба во Скопје, пренесува „Теа модерна“.
За весникот Тодоров изјавил дека е пресреќен што ја нашол жената на својот живот.
Неговата избраничка е Марија Христова (мајка на деветгодишна ќерка) која живее во Австралија, а во моментов е во Македонија заради венчавката. Нивните планови се поврзани со Австралија, каде што заедно ќе заминат наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.